Која е најгрдата боја?

Станува збор за кафено-зелена нијанса, комбинација од зелена и каки боја која добила бројни епитети како боја на нечистотијата, талогот, па дури и смртта, а нејзиниот службен назив гласи Pantone 448C или opaque couché.

Иако оваа боја остава многу негативен впечаток, пораката која би требало да ја пренесе е всушност многу важна и моќна. Имено, од сите бои и нијанси на сончевиот спектар, најгрдата боја на светот има цел да влијае врз пушачите и да ги поттикне да престанат со пушење.

Пред неколку години, австралиската влада ангажирала истражувачка агенција која имала задача да го направи најнепривлечниот дизајн на кутиите за цигари и тој би требало да биде единствен за сите фабрики за тутун.

По три месеца истражување, експертите дошле до заклучок дека најнегативен ефект може да се постигне токму со бојата opaque couché која во комбинација со графичките предупредувања за опасноста по здравјето има неверојатно негативен ефект на корисниците на производите од тутун.

Пред да биде донесена конечната одлука за бојата која би можела да им помогне на пушачите да ги откажат цигарите, во потесниот круг за најнепривлечни бои се нашле и бојата на лимон, белата, беж, темно сивата, бојата на сенф, но и темно кафената која прва испаднала од конкуренција бидејќи премногу потсетувала на омилениот десерт на многумина – чоколадата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *