Сутерен.мк

Која козметика треба да ја заобиколите?

Докторката Кристин Чои Ким откри кои пет производи можете да ги прескокнете бидејќи само непотребно ќе трошите пари на нив, пишува The Healths.

Скапи средства за чистење на лицето

Нивната улога е да ја отстранат шминката и наслагите кои се насобрале на кожата во текот на денот.

„Попаметно е да се инвестира во четка за чистење на лицето за целосно чистење на кожата“, советува д-р Ким.

Производи против стареење

Стареењето е невозможно да се запре, а разни производи со отров од змија или слуз од полжав и слично не се докажани како делуваат, затоа не паѓајте на рекламите.

Она што можете да го направите за вашата кожа е да ја одржувате хидрирана, а тоа можете да го направите со креми кои ќе ве чинат многу помалку пари. Рицинусовото масло е исто така корисно, придонесувајќи за еластичноста на кожата и намалување на брчките.

Скапи креми со заштитен фактор

Заштитниот фактор е исклучително важен, но цените на овие производи драстично се разликуваат, затоа не паѓајте во замката да плаќате само за името и пакувањето.

СПФ мора да биде најмалку 20 и од клучно значење е да го нанесувате редовно, особено после потење и пливање.

Антицелулитни креми

Многу жени се борат со целулитот, а најдобар начин да си помогнете е да вежбате, да јадете правилно и да пиете доволно вода.

Кремите ќе ви помогнат да ја направите вашата кожа помазна и помека, но нема да направат многу повеќе од тоа. Проценете сами колку пари сте спремни да потрошите за да добиете таков ефект.

Креми против стрии

Доколку таквите креми делуваа, никој немаше да има стрии во тој случај. За жал, подобро е да ги прескокнете бидејќи едноставно ќе трошите пари.

Наместо тоа, разговарајте со дерматолог за ласерски процедури, од кои некои ќе го стимулираат производството на колаген и на тој начин ќе го намалат видливото црвенило.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *