Сутерен.мк

Кралици со чувство на вина!?

Храбрите, деловни жени кои покрај кариерата одржуваат и семејство имаат едно нешто заедничко: чувството на вина, бидејќи очекувањата за улогата на родот не се подобри и покрај „силните заложби“ на (пре)гласните феминистки!

Уште од пред сто години нас жените не секира таа „виновност“. Денес, за среќа, се поголем број на моќни жени „пет пари“ не даваат за таа „грижа на совест“, затоа што знаат дека тоа е залудно трошење на енергијата.

Силните помлади мајки се многу отворени на оваа тема: „Општеството ни го наметна целиот тој концепт за чувство на вина!“ И додаваат смело: „ Многу е важно да се каже дека всушност, ама баш, ич не ми е гајле, ако некој мисли дека е површно да немам грижа на совест затоа што сум успеала како личност! Размислувам само за она во што сум во моментов, само во и за овој момент!“

Тие советуваат, во годините кога децата си ги сакаат родителите (знаете дека после одредена возраст престанува тоа, нели!?) треба и да им се обрати внимание ним, но не и да се биде нивен „роб“!

Никој нема да полуди, ниту да умре, ниту пак, да стане сериски убиец, ако не присуствувате на секој натпревар, приредба, па и роденден, дури!
Најуспешните жени во светот (кои имаат сосема нормални и задоволни деца) Еднаш во три месеца им посветуваат три дена целосно ним, за да создадат доволно лични спомени! Признатите психолози велат дека тоа е сосема доволно.

Овие жени – змејови исто така, секоја недела одвојуваат барем два часа само за себе: одат на ручек со пријателките, заспиваат во када, се пијанчат, читаат книга, само лежат, гледаат филм… Не е битно што – важно е дека после тоа редовно се чувствуваат поопуштени, посреќни и поисполнети како мајки! (Сеедно што е ефтина струјата во недела.)

Вашите деловни клиенти, велат тие, се исти како и вашите „домашни клиенти“: ја ценат вашата стручност и умеењето да балансирате. Како ќе го постигнете тоа, ако не водите сметка за себе!? Кога својот живот го живеете автентично, чувството на вина треба да биде само минлива мисла.“

На крајот советуваат дека време треба да се троши на битни работи, а не на било какви каприци и разгалености без оправдување! И секако, битно е да се земе после пет-шест години работа, повеќемесечен одмор – за најмилите, но и за себе! Сепак, мнозинството жени не можат ова да си го дозволат, но можат неделен или неколкудневен одмор. Ништо нема што да се изгуби! Напротив.

Извадоците (парафразирани) се преземени од книгата на Џоан С. Лаблин „Power Moms: How Executive Mothers Navigate Work and Life’’.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *