Сутерен.мк

Крај на пандемијата за една година?!

Извршниот директор на Модерна Инк, Стефан Бансел, изјави дека за една година од сега, ќе и се стави крај на пандемијата со коронавирусот!

„Оние кои нема да се вакцинираат, ќе се имунизираат природно, бидејќи делта варијантата е многу заразна. На крајот, ситуацијата ќе биде како со грипот: или ќе се вакцинирате и ќе имате добра зима или нема и ќе ризикувате да се разболите, со можност да завршите во болница“ – рече тој.

Бансел додаде и дека очекува од владите да одобрат и бустер вакцини за луѓето кои веќе се вакцинирани бидејќи на ризичните пациенти им е потребно „освежување“.

Во неговите најави е и можноста наскоро да се вакцинираат и новороденчиња.

Повеќе на nzz.ch…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *