Комета составена од карпи и мраз, која ќе помине покрај Земјата и Сонцето во следните недели за првпат по 50 000 години би можела да биде видлива и со голо око.
Се очекува кометата да биде најблиску до Земјата на први февруари, кога лесно ќе може да се види со добар двоглед, па дури и со голо око, во зависност од осветленоста на небото.
Кога кометата ќе се приближи до Сонцето, мразот во нејзиното јадро се топи и минува во долг вел од прашина којашто ја рефлектира сончевата светлина.
Се проценува дека има дијаметар од еден километар, со што е значително помала од Неовајс, последната комета која беше видлива со голо око, која помина покрај Земјата во март 2020-та.
Ледената комета последен пат поминала покрај Земјата за време на Доцниот палеолитски период, кога сè уште живееле неандерталците.