Сутерен.мк

Лепак од отров против крварење!

Истражувачи од канадскиот универзитет Манитоба, лондонскиот Вестерн универзитет и Војномедицинскиот универзитет во Чонгкинг во Кина, направија лепак за кожа од змиски отров кој за 45 секунди го запира крварењето!

Научното списание „Science Advences“ ги објави резултатите од истражувањето за потенцијалниот лековити својства на ензимот батроксобин кој се наоѓа во отровот на змиите, најчесто кај поскокот.

Ензимот ќе се активира со посебен ласер или со загревање со помош на светилката во паметните телефони, а овој лепак се покажал и десет пати поефикасен од фибринските лепаци кои веќе се користат во медицината за запирање на крварењата при различни повреди на луѓето.

Се очекува новиот лепак да се најде во масовна комерцијална употреба за пет години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *