Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и хуманитарецот и основач на Невладината организација „Донирај компјутер“ Борче Стаменов се добитници на државната награда „Мето Јовановски” за 2023, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
Наградата ја доделува Министерството за кулура, а претседателка на Одборот е Александра Цветановска.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 10 декември 2023 во 12 часот во Собранието.