Сутерен.мк

Мажите со стомак се подобри љубовници

Иако можеби на прв поглед нема привлечна фигура, маж со пивски стомак може да ве изненади на други важни начини. Студијата на научници од Турција во 2017 година покажа дека мажите со истакнат стомак и вишок килограми можат да издржат многу подолго во кревет од слабите мажи.

Студијата ја разгледала врската помеѓу индексот на телесна маса и сексуалните перформанси кај 100 мажи кои признале дека имале потешкотии во сексот, во споредба со оние кои немале никакви проблеми.

Резултатите покажале дека мажите со повисок индекс на телесна маса и поголем стомак издржале во просек 7,3 минути во кревет, додека послабите мажи само две минути. Оваа разлика од пет минути е значајна.

Исто така, откриено е дека послабите мажи почесто страдаат од предвремена ејакулација.
Научниците дури велат и дека мажите со помалку мажествено тело имаат предност во перформансите во однос на атлетските типови.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *