Сутерен.мк

Маск најавува своја социјална мрежа

Во разговорите со следбениците на Твитер за продажбата на акции од Тесла некој го праша Илон Маск дали размислува за стартување на сопствена социјална мрежа во случај да пропадне зделката со Твитер.

На тоа Маск одговори со објава на линкот “X.com”. Уште пред да ги објави намерите за купување на Твитер, Маск ја споменуваше можноста да стартува сопствена социјална мрежа, но после најавите за аквизицијата таа идеја се заборави.

Изгледа дека Маск сепак, не се откажал од таа идеја. Се разбира, стартувањето на нова мрежа целосно од нула, дури и за најбогатиот човек на светот, нема да биде едноставно и пред таквиот бизнис лежат многу големи предизвици, во што се увери и Доналд Трамп кога ја стартуваше својата мрежа Truth social.

Што се однесува на доменот “X.com”, тој го купи уште во 2017 година од Пејпал и нагласи дека има голема визија за тоа што би можела да стане т.н. X corporation.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *