Сутерен.мк

Маслото за јадење станува авионско гориво

Најголемиот патнички авион во светот Ербас А380 беше искористен за тестирање на одржливи горива за авиони. Леташе со гориво направено од искористено масло за јадење.

Ербас го изведе првиот лет на својот А380 користејќи сто проценти обновливо млазно гориво (SAF), кое главно се добива од масло за јадење и други отпадни масти.
Ова беше трет тип на авион Ербас кој летал со сто проценти SAF во една година, но е убедливо најголем.
SAF покажа голем потенцијал за намалување на емисиите во воздухопловната индустрија, која сочинува околу два отсто од вкупните глобални емисии годишно. Други компании, вклучително и Ролс-Ројс, исто така спроведуваат тестови со намера нивните мотори да користат одржливо гориво во иднина.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *