Полициски службеници во затвор во Костарика фатија мачка со две пакети со дрога на неа.
Министерството за правда на Костарика соопшти дека станува збор за 235,65 грама марихуана и 67,76 грама хероин.
Пакетите со наркотици беа отстранети од телото на животното и конфискувани.
„Наркомачката“, како што ја нарекуваат локалните медиуми, е згрижена и направен ѝ е лекарски преглед.
Ова се случило на 6 мај, а Министерството за правда објави видео на кое се гледа како мачката е забележана и фатена.