Сутерен.мк

Мирко Попов ќе биде погребан утре

Мирко Попов, еден од пионерите на електронската сцена и вистински двигател на урбаната култура во Македонија, ќе биде погребан утре (26 март) во 12:30 часот на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје, капела 1, објави неговата издавачка куќа „ПМГ рекордингс“.

Попов почина вчера на 51 година, неколку дена откако претрпел мозочен удар.

Тој беше активен на домашната музичка сцена повеќе од 30 години како музичар, диџеј, продуцент, композитор, текстописец, промотор и издавач. Беше фронтмен на групите „ПМГ колектив“ и „Кантон6“, основач и предводник на дискографските куќи „ПМГ рекордингс“ и „ПМГ џез“ и сеприсутна појава во урбаниот, културниот и јавниот живот на Скопје и пошироко. Редовно настапуваше по кафулиња, дискотеки и фестивали, постојано снимаше и издаваше музика и неуморно промовираше млади музичари, оставајќи непроценливо наследство за македонската современа култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *