Сутерен.мк

Митови за козметиката

Цена

Колку некој производ е добар или не, во поголемиот број на случаи цената не е одлучувачки фактор. Има купишта производи што се скапи, а се неквалитетни, но има и скапи кои се навистина подобри. Зависи од брендот и состојките. Меѓутоа, има и производи што се ефтини, ама се навистина добри! Пробајте, прочитајте, размислете…

Подочници

Кремот за околу очите е една од работите на кои се фрлаат пари, а не е ни потребна. Барем не, на повеќето од нас. Дури и бројни дерматолози потврдија дека овој крем не прави ништо! Всушност, ништо не прават ни другите креми за лице освен, што ја хидратизираат кожата додека се нанесени. А кремот за околу очи ги има истите состојки како и оној за лице.

Целулит

Да имаше вакво нешто, никој од нас немаше да има ни зрнце целулит! До сега, не е приложен ниту еден доказ дека кремите, лосионите, тониците…. што се рекламираат како ефикасни средства во борбата против целулитот, воопшто функционираат! Кога ќе се намачкаш со нив, кожата се чини помазна, но измиј ја со вода и таа е пак, во првобитната состоба.

Органско

Органските производи се секогаш поскапи бидејќи содржат само добри состојки, сто отсто се природни и слично. Меѓутоа, тоа што се природни, не значи дека се поефектни или дека не содржат хемикалии – содржат, само помалку! И иако се посигурни, не прават чуда. Дури, за некој тип на кожа можат да бидат и многу лош избор!

Коса

Сите оние шампони што се на полиците во дуќаните, нема да направат ништо друго освен, што ќе ја измијат косата! Маски, масла, капки… ништо од тоа нема да ја поправи оштетената за коса! Единствениот спас е во ножиците. Сепак, добро е шампонот и регенераторот да се бираат според типот на косата.

Шминка

Изгледа како денес сите да имаат сто чекори кога се шминкаат, а всушност, половина од нив се тотално излишни! Треба да се користат само иние производи што навистина се потребни во одредена прилика, но никогаш не треба се. Помалку е повеќе.

Кожа

Грижата и негата на кожата се битни за таа да изгледа секојдневно свежо и негувано, но не треба да се претерува. Користењето на многу препарати може да има и контра ефект. Особено, честото користење на средства за чистење  и пилинг на кожата. Наутро на пример, доволно е да се измиете само со вода…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *