Сутерен.мк

Митови за чоколадото

Холестерол

Ако се откажавте од чоколадото за да го намалите лошиот холестерол, можеби залудно сте го жртвувале уживањето во вкусната храна. Вистината е дека чоколадото содржи путер од какао, кое е богато со заситени маснотии, најголемиот дел од оваа маст потекнува од стеаринска киселина, која не се однесува како заситена маст. Студиите покажаа дека чоколадото не го зголемува нивото на лош холестерол, а кај некои луѓе всушност има спротивен ефект и го намалува лошиот холестерол.

Кофеин

И покрај популарното верување, чоколадото содржи екстремно ниско ниво на кофеин. Значи, во популарните чоколади во просечно пакување од 100 грама може да најдеме 9 милиграми, додека темното чоколадо содржи околу 20 милиграми. Споредено со кафето кое содржи 330 милиграми кофеин, неговиот удел во чоколадото е занемарлив.

Хиперактивност

Вишокот шеќер кај децата може да ги предизвика да трчаат, да скокаат… Тоа е она што го мислевме. Но, десетици студии за храна покажаа дека шеќерот во исхраната кај децата нема никаква врска со хиперактивното однесување. Постојат две теории: првата е дека екстазата ја создава околината особено, ако станува збор за роденденска забава или сличен собир, а во втората теорија се вели дека врската меѓу шеќерот и однесувањето ја очекуваат само родителите кои мислат дека децата ќе бидат повеќе немирни ако им дадат слатки. Се разбира, како и кај возрасните, има деца кои се почувствителни на кофеинот. За нив, тоа може да предизвика промени во расположението или распоредот на спиење.

Дијабетес

Дијабетичарите не треба целосно да ја избегнуваат оваа храна. Всушност, многумина се изненадени кога слушнале дека чоколадото има низок гликемиски индекс. Некои студии покажале дека темното чоколадо може да предизвика хиперсензитивност на инсулин кај некои луѓе со дијабетес, па затоа сепак препорачливо е да се консултирате со лекар.

Кариес

Студиите кои го испитале развојот на плактот по конзумирање на чоколадо, укажуваат дека чоколадото има помал ефект врз забите отколку шеќерот, додека другите студии тврдат дека нема врска меѓу чоколадото и кариесот. Во Осака, Јапонија, откриено е дека парчињата какао, главната состојка во чоколадото, го забавуваат растот на бактериите во устата и со тоа предизвикуваат побавно расипување на забите.

Дебелина

Очигледно јадењето чоколадна торта во недела нема да ви помогне да изгубите тежина, но една голема студија спроведена од Националниот институт за здравство открива дека конзумирањето на мали количини чоколадо на секои пет дена помага да се намали индексот на телесна маса (БМИ), дури и кај луѓето кои внесуваат повеќе калории и не вежбаат како другите субјекти.

Нутритивност

Ако сте ги виделе научните студии за здравствените придобивки од чоколадото, знаете дека обична табла со темно чоколадо содржи иста количина на антиоксиданти како повеќе од две и пол чаши зелен чај, чаша црвено вино или 2/3 чаша боровинки. Покрај тоа, чоколадото содржи минерали и диетални влакна.

Какао

Општа препорака е да се конзумира темно чоколадо со најмалку 70 проценти содржина какао, за да имате корист од здравствените придобивки на таа храна. Колку е потемно чоколадото, толку е поголема количината на антиоксиданти. Но, за време на студијата, која траела 18 недели, испитаниците јаделе мала количина чоколадо кое имало 50 отсто какао. Им се снижил крвниот притисок. Од друга страна, друга студија открила подобрување на протокот на крв низ крвните садови и го намалува крвниот притисок откако конзумирале темно чоколадо со 60 проценти какао.

Афродизијак

Ацтеките први верувале дека постои поврзаност помеѓу консумирањето чоколадо и романтичните чувства. Ацтечкиот владетел во Монтезума наводно, јадел огромни количини чоколадо за да ги подобри своите љубовни вештини, а Казанова го користел како дел од предиграта. Но, науката сè уште нема конкретни докази кои сугерираат дека чоколадото е афродизијак.

Акни

Студиите што започнале уште во 60-тите години не успеаја да покажат дека постои врска помеѓу консумирање чоколадо и почетокот на акните. Големо истражување наведува дека исхраната не игра улога кај повеќето пациенти кога станува збор за акни, па дури и консумирањето на големи количини чоколадо нема клинички ефект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *