Ракот на простата е еден од најчестите видови на рак. Многу видови на рак на простата
растат бавно и се ограничени на жлездата на простата, каде што можеби нема да
предизвикаат сериозна штета. Сепак, некои видови на рак растат бавно и ќе треба
минимален или никаков третман. Другите видови се агресивни и може многу брзо да се
прошират.
Ракот на простатата кој е рано откриен – кога се уште е ограничен на жлездата
на простатата – има најдобри резултати за успешно лекување.
Симптоми
Ракот на простатата може да не предизвика никакви знаци или симтоми во раните фази,
а во понапредните фази може да предизвика знаци и симтоми како што се:
– Проблеми со мокрење
– Намалена сила во протокот на урина
– Крв во урина
– Крв во спермата
– Болка во коските
– Слабеење
– Еректилна дисфункција
Фактори кои можат да го зголемат ризикот од рак на простата вклучуваат:
Постара возраст. Ризикот од рак на простата се зголемува со стареењето.
Најчесто по 50-та година од животот.
Семејна историја. Ако на некој од најблиското семејство, му бил дијагностициран рак
на простата, ризикот може да се зголеми. Исто така, доколку имате семејна историја на
гени кои го зголемуваат ризикот на рак на дојка (БРЦА 1 или БРЦА2) или многу силна
семејна историја за рак на дојка, ризикот е поголем.
Дебелина. Луѓето со зголемена телесна маса, имаат поголем ризик од рак на простата,
наспроти лицата со нормална телесна маса, иако студиите покажуваат различни
резултати.
Превенција
Ризикот од рак на простата може да се намали ако:
Избереме здрав начин на исхрана збогатен со овошје и зеленчук, бидејќи овошјето
содржи многу витамини и хранливи материи кои можат да го подобрат целокупното
здравје. Физичка активност и вежбањето влијаат на целокупното здравје, помагаат во
одржување на телесната тежина и доброто расположение. Разговор со матичен лекар за
зголемен ризик од рак на простата.