Сутерен.мк

Моника стана плавуша

Италијанската актерка, Моника Белучи (57) е иконичен секс-симбол со децении чие главно обележје и е костенливата коса.

Препознатливата бринета сепак, деновиве во јавноста се појави во русокосо издание, се заради потребите на премиерата на документарецот „Девојката во фонтаната“ на Антонџули Панзи.

Филмот се занимава со судбината на незаборавната хероина од „Ла долче вита“, Анита Екберг, а во реконструкцијата на настаните, Моника го позајмува ликот на сензуалната Швеѓанка, па за таа цел носи и сини леќи.

Сепак, Моника не ја бојадисала косата, туку за улогата, познатиот фризер Џон Нолет и изработил специјална перика.

Како и да е, на Моника не и е прв пат да биде блондинка…

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *