Сутерен.мк

Му доаѓа ли крајот на коронавирусот?

Во најнова анализа на експертите за коронавирусот се вели дека на повидок е крајот на пандемијата и дека наскоро би можеле да почнеме да живееме нормално!

„Речиси е сигурно дека сме на крајот на пандемијата, ова е почеток на крајот, барем во Обединетото Кралство. Мислам дека нашите животи ќе бидат речиси целосно предпандемиски во 2022 година“, рече професорот Џулијан Хискокс од Универзитетот во Ливерпул.

„Она што се менува е нашиот имунитет. Коронавирусот се појави во Вухан пред две години и тогаш бевме ранливи. Тоа беше сосема нов вирус со кој нашиот имунолошки систем немаше контакт, а немавме ниту вакцини ниту лекови кои би можеле да помогнат во борбата против него. Ковидот експлозивно се рашири низ светот.“

Некои британски експерти очекуваат дека ограничувањата нема да се вратат, а масовните тестови за коронавирус ќе завршат оваа година. Речиси е сигурно дека наесен ќе дојдат дополнителни вакцини за ранливите за да се зајакне нивната заштита во текот на зимата.

„Мораме да го прифатиме фактот дека сезоната на грип ќе биде и сезона на коронавирус и тоа ќе биде предизвик за нас“, велат тие. „Важно е да се напомене дека посиромашните земји сè уште чекаат вакцини за нивните најранливи граѓани – така што некои земји сè уште не се блиску до крајот на пандемијата.“

Светската здравствена организација беше јасна дека светот е далеку од опишување на Ковид-19 како ендемичен.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *