Сутерен.мк

Муви

Фејсбук с(р)еќавања…

****

Не ги потценувајате мувите. Имаат таков начин на исхрана, што со константно плукање можат и најмонументалниот споменик да го урнат.

***
Колку мало човече, а толку многу простор зафаќа.

***

Се ни зедоа. Дури и сеќавањата на иднината.

****

Веома, врло утицајна Сурија Сурати.

****
Се му е под честа. Затоа бришат под со него.

****

Доколку некој ви промрчи, не се објаснувајте – набавете поголем чекан.

****

Некогаш, треба да ти го одобрат она што го сакаш. Понекогаш, ти треба некој да те охрабри нешто да сакаш. Но секогаш, ама баш секогаш, мораш да имаш Еден кој ќе ти каже – што ти Треба.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *