Италијанската филмска дива Софија Лорен (88) отвори ресторан со нејзиното име во центарот на Милано, а овој настан собра голем број гости од италијанскиот џет-сет.
Таа пристигна во друштво на своето семејство и синот Карло Понти помладиот и нејзините внуци Беатрис и Виторио со кои гордо позираше.
Софија Лорен, жива легенда на италијанската и светската кинематографија, повторно покажа зошто важи за една од најубавите жени на сите времиња и една од најголемите дами што ги видел филмскиот свет.