Сутерен.мк

Навистина ли двобоите биле в зори?

Историчарите дошле до заклучок дека двобоите се случувале во секое доба од деноноќието, но сепак, најмногу ги имало во зората на денот.

Малку е чудно да се разбудиш пред изгрејсонце, а знаете дека шансите да го преживеете денот е пола – пола!? Белким, ќе сакате да се наспиете, да изедете крофна, испиете омилен пијалак…

Експертите тврдат дека двобоите се одвивале пред изгрејсонце, на терен ориентиран на север – југ, за никој да нема предност затоа што сонцето му е зад грб.

А можеби и затоа, што тогашните полицајци се уште биле по пижами или, ако и постоел вистински орган на редот, дневната стража баш во тоа време се менувала со ноќната смена.

Па така, двобоите в зори ја намалувале веројатноста дека законот ќе биде вмешан во нивните пресметки со ептен лични фрустрации и древни комплекси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *