Двајца полицајци во Лос Анџелес добиле отказ, бидејќи бркале покемони наместо крадци кои биле во бегство!
Полицајците биле паркирани во близина на продавницата што ја ограбувале крадци, но како што откриле камерите во нивните возила, го игнорирале повикот за подршка на колегите затоа што ја играле популарната игра за мобилни телефони „Покемон гоу“.
„Тие дваесет минути после повикот од колегите разговарале за покемони и се возеле на локации каде што на нивните телефони се појавувале виртуелните суштества од таа игра“, се вели во судските документи.
Отпуштените Луис Лозано и Ерик Мичел биле на должност кога се случил споменатиот грабеж во продавницата „Мејсис“ во април во 2017 година.