Компанијата „Алроса“ објави планови за продажба на аукција на дијамантот „Ново сонце“, најголемиот скапоцен камен во руската историја, редок жолта боја, со тежина од повеќе од 100 карати.
Раководителот на фабриката „Алроса“ во Јакутија, Ајсен Николаев, за ТАСС изјави дека планираат да го продадат дијамантот на аукција, но не прецизираше кога тоа би било.
Компанијата „Алроса“ во Република Јакутија и Архангелската област се занимава со истражување, производство, продажба и сечење на необработени дијаманти.
Руската Федерација поседува 33,03 проценти од акциите на „Алроса“, Јакутија поседува 25 проценти, а администрациите на областите (улусите) на републиката во кои работи компанијата поседуваат осум проценти.
Приближно 34 проценти од акциите се во слободен промет.