Сутерен.мк

Најголемиот ургентен центар во светот

Во Израел е отворен најголемиот ургентен центар во светот, со 8 000 квадратни метри, наменет за вообичаени итни потреби и за ненадејно голем број ранети во случај на војна или терористи напади.

Центарот во болницата Ихилов во Тел Авив го отворија претседателот на преодната влада на Израел Јаир Лапид, израелскиот претседател Исак Херцог, министерот за здравство Ницан Хоровиц и филантропот Силван Адамс.

Адамс, Израелец кој има и канадско државјанство и финансираше неколку проекти во Израел во претходните години, донираше 28 милиони долари на болницата, поради што ургентниот центар го носи неговото име.

Центарот има сто болнички кревети, а тој број може да се удвои во итни случаи.

Пациентите кои се чувствуваат доволно добро ќе можат да се пријават, а потоа да се подложат на само-тријажа, каде што автоматските системи ќе ја проверуваат нивната температура, крвен притисок, пулс и заситеност со кислород во крвта.
Резултатите се внесуваат во компјутерскиот систем на болницата, а вработените во центарот веднаш ќе бидат известени доколку пациентите се изложени на висок ризик.

Мобилни роботи ќе им помагаат на пациентите да го пронајдат одделот што им е потребен, а преку апликација ќе се информираат што се случува со нивните тестови, резултати и третман.

Портпаролот на болницата Аву Шусан изјави дека податоците се внимателно проверени и дека се укажува оти ургентниот центар отворен денеска е најголемиот во светот.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *