Сутерен.мк

Најголемите маани на хороскопските знаци

Овен
Секогаш треба да сте во право. Импулсивни сте, избрзани и експлозивни, а со вашата вродена ароганција можете да ги повредите другите. Склони сте да се расправате, лесно се нервирате и уште полесно се навредувате, иако исто толку брзо се ладите. Можете да бидете груби, нетолерантни и одмаздољубиви. Во љубовта сте прилично непредвидливи, љубоморни и посесивни. Поради желбата да доминирате, можете да бидете доста непријатни како деловен соработник, а неподносливи како шеф.

Бик
Многу сте тврдоглави, па често тврдоглаво инсистирате на својот пат, дури и кога грешите. Иако ви треба многу за да се налутите, кога вашиот гнев ќе излезе на површина наликува на вулканска ерупција. Малку сте бавни, а понекогаш знаете да бидете прилично лежерни во извршувањето на обврските и работните места. Вие сте материјалистички ориентирани и парите ви се многу важни. Ако сте жена, и придавате големо значење на вашата убавина и може да бидете оптоварени со вашиот изглед. Во љубовта сте посесивни и љубоморни, иако тоа ретко го признавате, а можете и да бидете неверни.

Близнаци
Вашата зборливост и љубопитност понекогаш може да ги излуди сите околу вас. Расположението ви е непредвидливо и променливо, што може да ја замори и околината. Способни сте да ветувате многу, но да не испорачате. Можете да бидете пресметливи и снаодливи, а често криете и страв од неуспех. Најчесто сте окупирани со некои големи планови, па можете да започнете неколку работи истовремено, иако обично половина од нив не успевате да ги завршите. Во љубовта често сте рационални за да се заштитите од можни разочарувања.

Рак

Имате чести промени во расположението и склони сте кон самосожалување. Брзо се навредувате, а оваа особина особено ја покажувате во врската со емотивниот партнер. Но, ако некој се обиде да го допре вашето его и суета, може да бидете многу одмазднички настроени. Понекогаш толку се завиткувате во вашата школка што е многу тешко да излезете. Можете да бидете пресметливи, егоцентрични и самодоволни, особено ако сте жена, а го избирате најлесниот пат до успехот, преку маж. Имате тенденција да пиете прекумерно, особено ако сте маж.

Лав
Многу сте театрални, па често драматизирате настани за да го привлечете вниманието кон себе. Обожавате да бидете во центарот на вниманието и едноставно не можете да поднесете да бидете незабележани. Суетни сте, вообразени и сакате да доминирате, со што често претерувате. Вие сте фалбаџии и склони кон детско однесување. Глумата знае да биде ваша маска, затоа што се плашите од потсмев и омаловажување на околината. Иако сте амбициозни, можете да бидете мрзеливи и да им завидувате на оние кои се поуспешни од вас. Понекогаш им помагате на другите да покажат како не можат без вас.

Девица
Вие сте голем говорник, понекогаш толку раскошен што можете да ги удавите сите околу вас. Или сакате да бидете информирани за се или одите во друга крајност и се повлекувате во себе. Едвај поднесувате критика кон себе, додека сте многу критични кон другите. Често ги потиснувате емоциите и сте склони кон разни стравови поврзани со здравјето. Можеби сте склони кон напади на гнев и нервоза. Многу внимавате на исхраната и хигиената, можете да бидете претерано педантни, но тоа е посилно од вас.

Вага
Иако изгледате како некој кој знае што сака, неодлучноста често ве забавува во донесувањето важни одлуки. Колку е поголем изборот пред вас, толку повеќе се двоумите. Склони сте на промени во расположението, а вашите реакции често се непредвидливи. Брзо се лутите, а несвесно можете да навредите. Суетни сте и по малку арогантни. Посветувате многу внимание на вашиот физички изглед, како и на вашиот социјален статус. Длабоко во себе можете да бидете ладни и посесивни, притоа да внесувате чувства во вашата работа. Ако сте маж, вашиот партнер не може премногу да се потпира на вас.

Шкорпија
Вашето мистериозно однесување понекогаш е тешко да се дешифрира, поради што оние околу вас можат да ве доживеат како осаменик. Иако изгледате незаинтересирано, забележувате сè, но ретко го покажувате она што го чувствувате. Сакате да ја наметнувате својата волја, бидејќи мислите дека сте во право. Кога некој ќе ве провоцира, знаете да бидете непријатни и саркастични, а навредите не ги заборавате. Ако си жена, знаеш да бидеш суетна, арогантна, себична, фалбаџија, склона кон шармирање и пороци, љубоморна, посесивна и одмаздољубива.

Стрелец
Расположението ви е променливо, без разлика дали претерувате или се повлекувате во себе. Можете да бидете детски, непрактични, нетрпеливи и наметливи, а соговорникот да го потопите со приказни за вашите авантури и интересни настани, најчесто од вашите патувања. Исто така, можете да бидете нетактични, тврдоглави и склони кон расправии. На деловен план често сте неефикасни и имате тенденција да одолговлекувате кога донесувате важни одлуки, додека во љубовта сте површни, неверни и често едно кажувате, а друго правите.

Јарец
Сакате да ги ставате работата и кариерата на прво место. Статусот ви е многу важен, често сте опседнати со успех и сакате да доминирате. Конзервативни сте и тврдоглави, а разумот често владее со вашето срце. Склони сте кон расправии, а може да бидете и големо злопамтило. Имате проблем со изразување на емоциите, особено ако сте жена. Наместо да ги покажувате вашите чувства, вие ги анализирате или повторно ги разгледувате грешките од минатото. За да избегнете разочарување, се повлекувате во вашиот сопствен свет каде на малкумина им е дозволено да ѕирнат.

Водолија
Вие сте егоцентрични, бунтовни и генерално најдобро знаете сè. Вие сте непредвидливи, несигурни и може да бидете кавгаџии. Немате доволно трпение и знаете да бидете многу саркастични. Во љубовта сте многу посесивни и љубоморни, иако тоа вешто го криете. Премногу сте љубопитни за да останете верни и уживате во флертувањето. Домот или воопшто не ве интересира, или можете да потрошите многу пари за опремување на просторот за живеење.

Риба
Вашата суета е нагласена, пречувствителни сте и фокусирани на себе и вашите проблеми. Можете да бидете очајни, несигурни, нестабилни, нефлексибилни, неодлучни, колебливи и нетрпеливи, а вашата слабост е и недостатокот на толеранција. Чувствувате дека сте погрешно разбрани, па често се изолирате од светот. Вашата непрактичност може да ви направи многу проблеми во секојдневниот живот. Честопати одите против сопствените интереси и делувате од инает, а на навредите долго се сеќавате. Понекогаш не знаете како да ја покажете својата романтична страна на вистински начин

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *