Сутерен.мк

Најголемите скандали на Оскарите

На овогодинешното доделување на 94-тите Оскари, актерот Вил Смит го удри на сред лице водителот на церемонијата, комичарот Крис Рок. Ѕвездата на „Кралот Ричард“ го изнервира шегувањето на Рок на сметка на фризурата на сопругата на Смит, Џада Пинкет Смит, која страда од алопеција. Меѓутоа, ова не е прв скандал на оваа манифестација…

  • Марлон Брандо во 1973 година го бојкотираше доделувањето на наградите и одби да дојде да гоприми Оскарот за улогата во „Кум“. Наместо него, статуетката ја прими индијанската активистка Сачин Литлфедер, која во говорот ја осуди положбата на американските староседелци во САД.

  • Во 2003-та Адријан Броди, кој беше награден како најдобар актер за филмот „Пијанист“, примајќи го Оскарот, неочекувано страсно ја бакна презентерката Хали Бери. Некои во салата се смееја, на некои пак, им беше непријатно. До денес, сите тврдат дека оваа „сцена“ не била режирана.

  • Барбра Стрејсенд и Кетрин Хепберн во 1969 година добиле ист број на гласови за најдобри главни улоги. Бидејќи на Стрејсенд ова и била прва номинација (за „Смешна девојка“), а Хепберн (за „Лавот во зима“) не била присутна на доделувањето, но и добила Оскар претходната година, наградата ја однела пејачката.

  • На церемонијата во 2017-та Феј Данавеј и Ворен Бити го згрешија добитникот за најдобар филм: Данавеј го прочита насловот „Ла ла ленд“. Кога екипата на филмот се качи на сцената да ја земат наградата, претставник на Американската филмска академија појасни дека се работи за грешка и дека Оскарот го добива филмот „Месечева светлина“. Имено, Бити го добил пликото каде што пишувало: „Најдобра актерка во главна улога – Ема Стоун за улогата во филмот ’Ла ла ленд’“.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *