Сутерен.мк

Најмладата спортистка на ЛОИ има 11 години, а највозрасниот 65

На Олимписките игри во Париз 2024 ќе учествуваат повеќе од 10.700 спортисти, а најмладиот натпреварувач од нив има само 11 години.

Сосема очекувано, најмладите атлети се натпреваруваат во еден од најновите спортови во олимпиското семејство, а тоа е скејтбордингот, кој дебитираше во Токио 2020.
Кинеската Жен Хаохао е најмладата натпреварувачка во Париз, со само 11 години.
Тајланѓанката Варераја Сукасем има 12 години, а Финката Хејли Сирвио има само 13 години, и двете исто така се натпреваруваат во скејтбординг.

Тројцата највозрасни натпреварувачи исто така се во ист спорт, а тоа е јавањето. Во овој спорт возраста на спортистите има најмалку влијание врз нивниот настап и не случајно во овој спорт има таква долговечност.

Пиус Швајцер има 61 година, но тој не е највозрасниот спортист во француската престолнина. Повозрасни од Швајцарецот се Швеѓанецот Ралф-Јоран Бенгтсон со 62 години и Шпанецот Хуан Антонио Хименес Кобо, кој има 65 години.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *