Сутерен.мк

Кои се најнесреќните!

Рак

Ракот е најнесреќниот зодијачки знак! И тоа, кога лошо изгледа?! Секако дека звучи површно, ама па да му се невиди, сите ние си имаме свои „мании“. Така што, ракот си го сака својот физикус и кога нема во огледалото да си го видат својот идеал, паѓаат во депресија. А бидејќи и онака се чувствителни и табиетлии, кога ќе паднат со духот всушност, паднати се во лимбот. Буквално! Ахам…

Вага

Бидејќи се оседнати со контролата, Вагите се поприлично тажни,па дури и депресивни, бидејќи не можат да контролираат се што постои. Просто се избезумуваат кога ќе сфатат дека нешто е надвор од нивниот надзор! Нивната неодлучна природа има многу влијание врз нивните емоции,а последицата од тоа е што најчесто, ни самите не знаат што им се случува!

Риби

Рибите се растажуваат и паѓаат во депресија заради семејството, не поради луѓето, туку од веќе замислените идеални односи што би сакале да ги имаат. Кога реалноста не е во рамнотежа со нивната креирана слика, тие се повлекуваат се подлабоко и подлабоко во себе… Премногу се чувствителни кога најблиските се во прашање и многу брзо стануваат несреќни.

Бик

Стагнацијата го депримира Бикот и кјога ќе почувствуваат дека се заглавени, чувството на несреќа доаѓа нагло и со сета силина. Е сега, тоа што овој знак најчесто сам се става во ситуации кои се тотално немотивирачки за него и неинтересни, нема никогаш да признае! Што е уште полошо, како познати мрзи, ретко и ќенаправат нешто за да ги променат нештата. Полесно име да се самосожалуваат…

Девица

Како и секој голем мислител и Девицата станува страшно депресивна кога размислува за сопствениот живот. А бидејќи никогаш непрестануваат да си ги анализираат своите подеми и падови, тоа често ги доведува до чувство на пораз и промашеност. Плус, талентирани се за измислување на катастрофални сценарија како ќе заврши нивниот живот,паможе само да претпоставите како име во душата! Богами, неим е лесно…

Шкорпија

Ако нешто ги депримира Шкорпиите, тоа е помислата насмртта! Уживаат да живеат бестрашно,да прават што сакаат, да се гордеат со сработеното, но тоатолку многу им се допаѓаштосе во постојан страв дека истото нема да трае вечно!Го сакаат животот и во исто време пеплосани се од фактот дека тој еден ден ќе заврши.Чудни суштества, чудни стравови…

Близнаци

Близнаците се големи љубовџии и токму затоа инајмногу ги депримира неуспехот во љубовта.Сите се депресивни кога срцето им е скршено, но Близнаците ова предавство никако неможат да го преболат и да продолжат понатаму! Цел живот ќе страдаат по таа изгубена „љубов“. Често се насмеани, но тоа не значи дека заборавиле.

Овен

Овенот станува депресивен кога е игнориран иако, тоа ретко се случува, бидејќи Овенот е експресивен, гласен и весел знак.Тие сјаат, но кога целото внимание не е насочено кон нив, потемнуваат… Упорни се да го добијат одобрувањето на околината и кога изостанува се растажуваат. За среќа, брзо се опоравуваат и продолжуваат понатаму.

Јарец

Ако нешто го фрла во депресија Јарецот, тоа е стареењето! Никако да сфатат дека е тоа природен процес и секогаш ќе дадат се од себе и од својот џеб за да гоодложат што е можно повеќе. Први ќе ги пробаат новите хирурши естетски зафати, диети, подмладувања… Меѓутоа, кога – тогаш, ќе ги закачи старечката свесност и безнадежно ќе потонат во разочараност.

Лав

Лавот лесно се вознемирува, ако не го добие она што сака, сеедно дали се работи за предмет или идеја. Лавот мора да ја има контролата и кога нешто не оди како што планирал, паѓа во депресија.Меѓутоа, за разлика од повеќето, тој својата растаженост не ја крие, туку напротив, сака сите да ја видат. Сепак, не се задржуваат долго во таквото расположение. Еми, цар си е цар!

Стрелец

Да се биде сам е големо искушение за депресија за авантуристуичкиот Стрелец! Контрадикторно е што еден од знаците кому му е многу удобно да биде сам, најмногу се плаши да не остане предолго сам?! Значи,осаменици кои се плашат од осаменост?! За среќа, брзо си доаѓаат при себе и тераат „даље“…

Водолија

Водолиите не трпат критики! И поради тоа во состојба се да потрошат сто години за да докажат дека се во право. Меѓутоа, таа борба ги исцрпува и им ја ослабува самодовербата, бидејќи немаат појма од адвокатура т.е. како да се одбранат. Тоа ги води во депресија, но не се некои аналитичари,па брзо се опоравуваат и весело продолжуваат понатаму. Поудобно им е со амнезија…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *