Сутерен.мк

Најследениот јутјубер има 111 милиони претплатници

Џими Доналдсон, којшто е познат како „MrBeast“ на Јутјуб, стана најпретплатениот создавач на оригинална содржина на оваа платформа.

Тој го надмина Феликс Арвид Улф Шелберг, попознат како „PewDiePie“, и сега има нешто повеќе од 111 милиони претплатници на неговиот главен канал на Јутјуб.
Според „Форбс“, 24-годишниот јутјубер заработил 54 милиони долари во 2021 година, а неговата нето вредност моментално е 25 милиони долари.

Наводно, тој заработува околу 5 милиони долари месечно, што го прави најплатениот создавач на содржина на Јутјуб.
Џими Доналдсон го отвори својот канал „MrBeast“ пред нешто повеќе од десет години, но постигна позначителен успех дури во 2017 година поради неговите чести донации на пари.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *