Стрелец – најубавиот!
Природата била исклучително дарежлива кон Стрелецот. И самите се свесни за големата харизма што ја носат со себе, кокетни се и знаат да импресионираат. Често можете да ги видите како се восхитуваат во огледалото, но немојте да мислите дека се празноглави. Стрелците се исклучително лукави и знаат како да ја искористат својата убавина како вреден ресурс.
Лав – најнезаборавниот!
Лавовите се оние луѓе кои долго се паметат и оставаат траги во животот на луѓето околу нив. Тешко дека можете да го заборавите нивното кралско однесување, смислата за хумор или нивниот интелект. Веднаш ќе ги препознаете во толпата и ќе ги паметите долго откако ќе заминат.
Риби – најсилниот!
Можеби ќе се изненадите што Рибите се најсилниот хороскопски знак, но ова е факт. Тие се многу чувствителни и романтични, но во исто време се подготвени да се справат со секој предизвик што им го носи животот. Тие се луѓе на кои секогаш можете да се потпрете. Тие не се наведнуваат лесно пред тешкотиите.