Сутерен.мк

Зошто најубавата на светот, мјаукаше?

Мјаукањето на 21-годишната Харназ Санду од Индија, ја стави во втор план нејзината порака за зајакнување на положбата на жените и го соочи организаторот на натпреварувањето за убавина со критики!

Санду, која беше крунисана со престижната титула на 70-то издание на изборот за Мис Универзум одржано во Еилат, Израел е позната како поборничка за правата на жените и за подобрувањето на нивната положба, особено во нејзината држава.

Постапката на водителот на церемонијата Стив Харви наиде на негодување, откако тој ја праша Санду да имитира животно на сцената:

„Слушнав дека добро имитираш животни, ајде да ја слушнеме твојата најдобра имитација“ кажа Харви, на што Санду, изненадена, одговорила оти не очекувала такво прашање додека е на сцената, пред да додаде дека ќе ја направи имитацијата бидејќи нема друга опција. Таа потоа упатила неколку гласни извици на мјаукање.
Санду работи заедно и со нејзината мајка која е гинеколог за подигање на свеста за женската хигиена во мобилните здравствени установи.
– Знајте дека сте единствени и тоа е она што ве прави убави. Престанете да се споредувате со другите и ајде да разговараме за други поважни работи што се случуваат во светот – беше пораката што новата Мис Универзум 2021 ја испрати на жените.

Видео…

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *