„Во светот на актерството, бидејќи тоа е мојата професија со која се занимавам секој ден… мислам дека е Пол Њумен. Затоа што грациозно остаре. И беше навистина посебно, талентирано, топло и искрено човечко суштество“, изјавил Пит и додал:
„А ако треба да именувам некои од мажите кои сè уште се помеѓу нас, па морам да го истакнам Џорџ Клуни бидејќи зошто да не?“.
Бред додал и дека неговата тајна за добриот изглед не е комплицирана – малку здрава храна и вежбање, но ништо опсесивно, работа на креативноста, време со блиските…
Славниот 58-годишен актер не само што запловил во претприемачките води туку и се свртел кон уметноста, а сосема е очигледно дека актерството не е негов единствен талент.
Имено, Пит неодамна во финскиот град Тампере, во Музејот за уметност Сара Хилден ја претстави својата прва јавна уметничка изложба, изложувајќи ги своите вајарски дела.
Бред одговорил и на прашањето како се гледа себеси во иднина, а неговиот осврт на тоа е всушност важна животна лекција за сите нас.
„Колку сум постар, толку повеќе размислувам за квалитетот на животот и трошењето на време, и сигурно ќе се посветам на тоа. Мислам дека по изолацијата на многумина им беше на ум како го поминуваат своето време, на што ги посветиле своите животи? И мислам дека на крајот од денот семејството и пријателите се сè што е важно“, вели Пит.
Инаку, Пит Пит лансираше сопствена линија на козметички производи.
Колекцијата, наречена „Ле Домен“ содржи линија производи што се одликуваат како вегански, родово неутрални и дизајнирани со цел да ја забават појавата на знаци на стареење.
„Произведено од науката и природните фактори за да биде едно со природата и вашата природа. Ова е хармонија и почит, ова е „Ле Домен“, пишува под фотографиите објавени од новата компанија за производи за убавина.
Линијата ги содржи сите клучни производи, серум, крем, течен крем и тоник за чистење на лице. Сите производи се пакувани во рециклирани стаклени шишиња и тегли и капачиња направени од остатоците од вински буриња направени од дабово дрво.