Некогашната американска прва дама со време стана она совршено огледало во кое може да се провери потрагата по елегантен изглед со толку потребниот шик допир. Колекцијата на палта на Џеки Кенеди нема изгубено ни трошка од актуелност, па некои модели се присутни и во трендовите за оваа зима.
Не само тоа, дел од нив се влезени во историјата на модата, како палтото од вистинско леопард крзно, што го дизајнирал Олег Касини, но после кое пак, започна исфрлањето на природното крзно од модните линии, бидејќи големата побарувачка за вакви палта доведе до убивање на над 250 илјади леопарди!