Сутерен.мк

Нервозите на Бугарите не престануваат

Лидерот на бугарската ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов ги повика претседателот на таа држава, премиерот, министрите и партиите да не водат разговори со Македонија, ниту да се видат со кој било политичар, доколку македонскиот вицепремиер Александар Николоски не поднесе оставка. Тој оцени дека изјавите на Николоски даден во телевизиско интервју, можат да се оправдаат само доколку поднесе оставка.

Вицепремиерот Александар Николоски вчера за ТВ Алфа, зборувајќи за пречекот на македонската претседателка Гордана Сиљановса Давкова кај бугарскиот претседател Румен Радев без македонсо државно знаме, рече дека „очигледно домаќинот не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги“.

Борисов побара и извинување од македонска страна.

„Очигледно не треба да се прават пријателски средби со овие луѓе, дури и поврзани со операта, надвор од официјалните. Мислам дека постапија подло со претседателот, со министрите кои се сретнаа со нив. Еве да земеме дека од скоро се во власта па можеби не се запознати со протоколарните работи кога станува збор за официјална и неофицијална средба. Но, јазикот што го користат е проблем и е потребно извинување“, рече Борисов кој изјавите ги даде како коментар на поставено новинарско прашање.

Тој додаде дека и лично ќе ја информира Европската народна партија во која членува и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Денесkа и бугарското Министерство за надворешни работи упати реакција преку соопштение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *