Доколку никогаш не сте чуле за феретка, крајно време е нешто да научите за овие прекрасни, мали палавковци!
- Феретката е создадена со мешање на куна, ласица, видра и твор. Меѓутоа, за разлика од творот, нема непријатен мирис. Може да достигне должина од околу 46 сантиметри и тежина до два килограма. Таа е весела, енергична, љубопитна и обожува да си игра.
- Оваа животинка спие во просек од 14 до 16 часови дневно. Затоа и треба удобно место каде што ќе може да се склупчи и дреме спокојно.
- Кога феретката ќе се наспие, тогаш почнува вистинското шоу бидејќи после толку часови спиење таа мора да се изнаигра. Обично трчка низ куќата и си игра криенки со сопственикот или другите домашни миленичиња.
- Феретките живеат од седум до десет години. Имаат остри запчиња, па понекогаш можат и да те гризнат.
- Името на ова животно и потекнува од латинскиот збор „фуриттус“ што значи мал крадец. Вака се наречени бидејќи сакаат да земаат ситни предмети и да ги носат во своите тајни скривалишта. Така што, ако ви исчезне омилениот ѓердан, алка, прстен, острилка… знаете кого да обвините!
- Овие мили суштества се месојади, што значи дека исхраната им се состои од разни видови на месо. Некои сопственици им даваат и глувци, но за тоа нема потреба бидејќи може да се купи готова храна за нив.