Имануел Кант е роден во Кенигзберг во Источна Прусија (денес – Калининград, Русија), каде што и починал. Кант е крстен како Емануел, но откако го научил хебрејскиот јазик името си го сменил во Имануел.
Неговите родители биле строги лутерански протестанти и од најрано детство е воспитуван да и биде посветен на религијата и да биде скромен. Во образованието на Кант не е давано многу значење на науките како математика – најмногу време посветувал на латинскиот јазик и толкувањето на Библијата.
(Сепак, иако во младоста немал баш доволно пристап до егзактните науки, Кант е автор на првата научна хипотеза за создавањето на Земјата и Сончевиот систем. Независно еден од друг, тој и францускиот математичар и физичар Пјер Симон Лаплас ја објавиле во втората половина на 18 век, многу сличната хипотеза за создавањето на Земјата, која подоцна е наречена како Кант – Лапласова хипотеза.)
Имануел Кант е творец на класичниот германски идеализам и е еден од најзначајните мислители на просветителството. Најпознат е по својата филозофија на трансцендентален идеализам и по тоа што го формулираше категоричкиот императив!
„Ништо не ме возбудува така како – ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене.“
„Убаво е само она што ни годи, а притоа од тоа да немаме никаков интерес.“
„Да гледаме на животот како на детска игра во која ништо не е сериозно освен чесноста.“
„Имај храброст да се служиш со сопствениот разум.“
„Кога жена би можела да бира дали за нејзиниот престап да и суди машки или женски суд, за свој судија сигурно ќе го избере првиот!“
„Никој нема право да ме учи како да бидам среќен!“
„Најмалку се плашат од смртта оние чиј живот има најголема вредност.“
„Ние луѓето на крајот на краиштата, немаме никој освен нас, значи да направиме нешто најдобро од тоа!“
„ Морав да го тргнам знаењето за да му направам место на верувањето.“
„Сето наше знаење почнува со сетилата, потоа продолжува со разбирањето и завршува со разумот. Не постои ништо поголемо од разумот.“
„ Според законот, човекот е виновен доколку ги наруши правата на другите луѓе. Според етиката, тој е виновен затоа што само и помислил да го стори тоа!“
„Работи така за принципот на твојата работа да може да стане принцип на работење на сите други.“
„Кога човек ќе направи од себеси црв не смее да се жали, ако некој го згазне.“
Имануел Кант (22 април 1724 – 12 февруари 1804 година)