Сутерен.мк

Нобел продаден за децата од Украина

Минатогодишниот Нобелов лауреат за мир, Дмитри Муратов, главен уредник на рускиот независен весник Новаја газета, го продаде синоќа својот медал на аукција за 103,5 милиони долари, а износот е наменет за децата кои се раселени во украинскиот конфликт.

Износот од продажба на медалот во Њујорк, кој го купи телефонски анонимен понудувач, ќе биде даден на програмата на Уницеф посветена на раселените деца во војната, соопшти аукциската куќа Херитиџ која ја водеше продажбата.

Зборувајќи за својот избор Уницеф да располага со добиените средства тој рече: „Неопходно е за нас организацијата која ќе управува со средствата не ѝ припаѓа на ниту една влада. Може да работи над владите, за неа нема граници“.

Муратов со филипинската новинарка Марија Реса ја доби престижната Нобелова награда за мир во 2021 година, а Нобеловиот комитет соопшти дека им оддава почит поради „нивните напори наменети за зачувување на слободата за изразување“.

Муратов е главен уредник на еден од водечките руски независни весници Новаја газета. Весникот на крајот на март пренесе дека ќе запире со објави на хартија и онлајн во Русија до крајот на интервенцијата во Украина, во време кога Кремљ ја заостри политиката кон критички настроените гласови.
„Најважната порака денес е луѓето да разберат дека се случува конфликт и дека треба да им помогнеме на луѓето кои најмногу страдаат“, додаде Муратов, нагласувајќи ги „децата во бегалските семејства“.
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *