Сутерен.мк

Нобеловата за литература

Француската писателка, 82-годишната Ани Ерно е овогодишна добитничка на Нобеловата награда за литература поради „храброста и клиничката острина со која ги открива корените, отуѓувањата и колективните ограничувања на личната меморија“, соопшти жирито. Во изјава за шведската телевизија веднаш по објавата, Ерно рече дека наградата е „многу голема чест“ и „голема одговорност“.

Нејзините повеќе од 20 книги, од кои повеќе се дел од училишните лектири во Франција со децении, нудат еден од најсуптилните, проникливи погледи во социјалниот живот на модерна Франција.

Кристалната проза на Ерно го отвори нејзиниот премин од девојка од работничката класа до книжевната елита, фрлајќи критички поглед врз општествените структури и нејзините сопствени комплицирани емоции.
Ерно е 17-та жена која ја добива престижната награда од вкупно 119 нобелови лауреати од почетокот на доделувањето на наградата во 1901 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *