Сутерен.мк

Новиот ФУВ

Првата официјална фотографија на првиот СУВ на Ферари наречен Purosangue предизвика многу внимание во светот!

Дотолку што веќе започна да кружи нова кратенка – ФУВ (Ferrari Utility Vehicle). Техничките детали за ФУВ-от се уште не се познати, но бидејќи една марка како Ферари не би си дозволила да се компромитира, фактите што допрва ќе бидат објавени секако ќе бидат импресивни.

Фотографијата на која се гледа предниот дел на СУВ моделот со коњче на носот, покажува дека неговиот стајлинг ќе биде нешто за што во блиска иднина ќе знаеме дека фалело сите овие години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *