Сутерен.мк

Новогодишен надомест за вработените и донации од „Алкалоид“

Во контекст на отежнатите услови за работа предизвикани од пандемијата, а по повод новогодишните и божиќни празници, „Алкалоид“ одлучи да исплати еднократен линеарен паричен надомест за вработените во нето-износ од 25.000 денари. Компанијата, и покрај неизвесноста која владееше во првиот квартал од 2020 – та, во март на своите вработени веќе им исплати регрес за годишен одмор во нето-износ од 26.718 денари.

На разни основи, „Алкалоид“ АД Скопје во текот на 2020 година, преку базата во Скопје, Фондацијата „Трајче Мукаетов“, и преку дел од своите ентитети во земјата и надвор од неа, има донирано износ од приближно 1,2 милиони евра. Од нив, 1.075.000 евра се донирани во Северна Македонија, а околу 125.000 евра надвор од земјата. Во согласност со намената, 352.000 евра се донирани во лекови, медицински средства, опрема и во опремување; над 210.000 евра се донации во средства за хигиена и за дезинфекција, а над 638.000 евра се финансиски средства на разни основи, од кои 141.236 евра се реализирани преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“. На листата на приматели на донации се заведени здравствени установи, институции, здруженија и голем број поединци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *