Сутерен.мк

Преспанските овоштари повторно протестираат

По протестот од пред неколку недели, на овоштарите на Преспа им беше исплатен надомест за штетите од 2016 година, но само 50 отсто од вкупната сума.

Тие денеска повторно се собраа во знак на протест, барајќи го остатокот од исплатата и обесштетувањето кое треба да го земат за другите години.

Се жалат дека Агенцијата за финансиска поддршка кога ги пушта средствата не прецизира за која година се, па така тие не знаат за која година не се исплатени.

Нивните протести ќе продолжат сѐ до реализација на нивните барања за кои се договорија со Министерството за земјоделство.
Овоштарите се изреволтирани поради тоа што Владата не го исполнила ветеното и велат дека им е нанесена неправда.

Друг проблем со кој се соочуваат овоштарите е пензијата. Велат дека ќе земаат пензија од 10 000 до 11 000 денари, па затоа ја прашуваат државата како ќе преживеат со овие пари, особено сега кога сите производи и услуги бележат скок во цените?!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *