„Еве сега подготвуваме проект за растерување на магла“
Томислав Стојановски Бомбај, заменик директор на Агенцијата за обнова и развој.
„Се чувствувам уморен како да сум орал цел месец без прекин“
Драган Здравковски, селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија.
„Во Собранието дојде со точок и со крпени гаќи од некој весник“
Томислав Стојановски Далавера за својот колега Насер Зибери.
„Па, што сум јас, да не сум магаре!?“
Томислав Стојановски Далавера, претседател на Собранието и човек во дилема.
„ Не ви пречеше кога во Липково 98 отсто беа за ПДП, а сега ви пречи за ДПА – 102 проценти“
Љубчо Георгиевски, премиер на оваа демократска држава.
„Тоа е лоповлук. Секогаш може некој даве сачека и киднапира“
Никола Кљусев, министер за одбрана стручно го толкува киднапирањето на четворицата македонски војници.
„Нека знаат сви народи во Македонија и вон Македонија дека бандит и главен бандит и капо бандит е самиот Мендух Тачи“
Фадиљ Сулејмани, ректор на т.н. „универзитет“ во Мала Речица.
„Немат кафе. Се потроши“
Одговор на келнер во Охрид на министерката за надворешни работи на Бугарија, Надежда Михајлова.
„Тие сега само се осојузија, за да можат да изведат една милитантна комунистичка или би рекол ждановистичка пракса или идеологија“
Слободан Чашуле, ја грди „опозицијата“ од позиција на „позиција“.
„Ако нема вода ќе има жртви“
Претседателот од МЗ Дебреша, Сулејмани, се заканува со војна.
„Америка не само што владее овде на Земјата, туку таа владее и планетарно, меѓу планетите, горе во Васионата“
Љубисав Иванов Ѕинго, информиран човек.
„Не стои добро со Доста Димовска, но јас мислам дека тој не стои добро со себе“
Антонио Милошоски за неговиот сопартиец, Филип Петровски.
„Старт“, 2000 година