Сутерен.мк

Одлета Драги Шпага

По кратко и тешко боледување почина Драги Христов – Шпага. Наводно, Драги се борел со карцином на белите дробови.

Драги беше познат урбан градски лик во Скопје, а го доби и епитетот како првиот македонски порно актер откако во продукција на најпознатиот македонски секс шоп, стана главниот машки лик во филмската порно комедија: „Жена ми Мира пак мастурбира“, филм за возрасни издаден на видео-касета односно, ДВД формат.

Драги Шпага никогаш повеќе не ја повтори ваквата улога.
Имаше 52 години, а беше и победник во реалното шоу Тоа сум Јас. Периките беа негов заштитен знак.

Во ковид кризата Драги отворено зборуваше дека едвај преживеал.

Од најблиските пријатели и семејството вчера бил погребан на гробиштата во Драчево.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *