Најголемиот и најпознат светски фестивал на пивото Октоберфест, кој требаше да се одржи од 18 септември до 3 октомври во Минхен, е откажан втора година по ред поради пандемијата на коронавирусот, изјави денеска баварскиот премиер Маркус Седер.
Според него, здравствената ситуација и понатаму е многу небезбедна за да може „најголемиот од сите собири“ да се одржи оваа есен.
Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер ја оцени таквата одлука како „горчлива“, но додаде дека таа не е изненадувачка.
Октоберфест секоја година привлекува околу шест милиони гости, од кои многумина доаѓаат од странство.