Иако има само 24 години, Русинката Кристина Озтурк е мајка на 22 деца. Таа се омажила за контроверзниот турски милијардер Галип Озтурк (57), кого го запознала на одмор во Грузија, а од март 2020-та до јули оваа година, парот потрошил купишта пари на сурогат мајка, а богами трошат цело богатство годишно и на 16 дадилки кои им помагаат да се грижат за нивните бебиња ( и после, сите биле родители?!).
Кристина од претходната врска ја има шестгодишната ќерка Вика, а со Галип сака да има вкупно 105 деца.
“Можам да ви кажам дека никогаш не ми е здодевно. Секој ден ми е различен. Играме, пазаруваме и правиме се друго што прават другите родители”, истакнува Галип.
Кристина и Озтурк се родители на 19-месечниот Мустафа, 18-месечната Маријам, Ајрин и Алис, 17-месечните Хасан и Џуди, 16-месечните Тереза, Хусеин и Харпер, 15-месечните Ана и Изабел, 14-месечните Исмаил, Мехмет и Ахмет, 13-месечните Али и Кристина, едногодишната Сара и Локман, 11-месечниот Галип, деветмесечната Оливија и тримесечната Џуди. Ако добро запаметивме…