Сутерен.мк

Омилените брошеви на Елизабета Втора

Оваа година влегува во историјата на англиската кралска фамилија: благодарение на Елизабета Втора, која годинава одбележува седумдесет години како е на престолот, со што стана првиот британски монарх кој прославил платинест јубилеј!

Импресивните седум децении кралствување изгледа се доволна причина за нејзиното височество 2022-ра да ја започне со носењето на двата Boucheron art deko броша во јавноста – накит што го става само во исклучителни прилики.

Брошевите се изработени од аквамарин и дијаманти и можат да се носат на различни начини, но Кралицата обично ги носи засебно, еден над друг, на левото рамо, а заради проѕирната природа на накитот, со гардероба во сини или виолетови нијанси за да се нагласи нивната природна боја.

Двете парчиња накит се направени по нарачка на војводата од Кент, чичкото на Елизабета Втора, во 1937 година и се дел од Кралската колекција. На Кралицата и припаднале во 1944-та, на нејзиниот 18-ти роднден, како подарок од татко и, кралот Џорџ Шести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *