Сутерен.мк

Освоил 10 милиони фунти и ги поделил со соседите

Ветеран на британската армија и поранешен полицаец доби џекпот од 10,2 милиони фунти на поштенската лотарија кои ги подели со своите соседи.

Дејвид, од градот Бриџ Ерне, во југозападна Шкотска, татко на две деца, освоил 10,2 милиони фунти на извлекувањето на поштенската лотарија на 27 април.

Британските медиуми објавија дека џекпотот од 10,2 милиони фунти е досега најголемата освоена награда во наградна игра во Шкотска.

Двајцата победници на ждрепката на 27 април освоија по 680.000 фунти, а осум играчи по 340.000 фунти.

“Не знам како се чувствувам. Малку сум шокиран. Мислев дека 15.000 фунти или дури 5.000 фунти ќе бидат многу, но сега сум апсолутно зачуден”, рекол Дејвид додека неговите соседи гласно го прославувале џекпотот.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *