Сутерен.мк

Отворање на винските прозорци

Социјалната дистанца се практицирала многу пред корона вирусот, а потребата за вино е стара колку и цивилизацијата. Па така, италијанските производители на вино во тешките времиња нашле начин за безбеден бизнис. Денес истиот модел се враќа во тренд…

 

За да го избегнат данокот и посредниците во трговијата, во 16 век на италијанските семејства им било дозволено виното да го продаваат директно од своите домови, наместо во гостилниците.

Намалувањето на трошоците било важно, но сепак, сигурноста и безбедната дистанца била уште поважна затоа што во градот пустошела чумата.

До 19 век прозорчињата станале толку популарни што речиси секоја побогата фамилија ги имала. Меѓутоа, како што семејните винарии се затворале, палатите се претворале во хотели и јавни установи. Во текот на Втората светска војна многу од нив се оштетени, а поплавата во 1966 година била дефинитивниот крај на овие „шалтери“.

Со пандемијата од новиов вирус Ковид 19, Здружението на винските прозорци, кое се занимава со заштита на преостанатите прозорци и негување на оваа традиција, изработило мапа на постоечките вакви прозорци во Фиренца и околината, кои повторно почнале со работа.

Моментно, во функција се тристотини и покрај вино, преку нив се продава и храна и други пијалоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *