Астрономи од НАСА и Европската вселенска агенција можеби ја откриле најмладата планета во нашата галаксија. Планетата е толку нова што сè уште е покриена со прав и гасови.
Истражувачите сметаат дека планетата е стара само околу 1,5 милиони години. За споредба, Земјата постои над четири милијарди години.
Истражувањето отворило и нови прашања бидејќи новата планета е необично далеку од својата ѕвезда-родител.
Научниците наскоро планираат да го искористат телескопот „Џејмс Веб“ за дополнително истражување на новата планета.