Палеоантрополозите тврдат дека имаат докази дека 100 000 години пред современите луѓе и неандерталците, нашиот исчезнат предок ги закопувал своите мртви.
За време на ископувањата во 2013 година во системот пештери Рајсинг Стар во Јужна Африка, беа откриени остатоци од изумрен вид хоминин кој на крајот беше вклучен во родот Хомо. Тоа е хомо наледи и оттогаш се откриени уште околу 1.500 коскени фрагменти од овој вид.
Овој вид хоминиди што се качувал на дрвја биле на „раскрсницата“ меѓу мајмуните и современите луѓе. Првите коски од видот Хомо наледи беа откриени во 2013 година.
Неговиот изглед бил сличен на оној на современите луѓе со понизок раст, додека волуменот на неговиот череп бил околу една третина од човечкиот.
И покрај малите мозоци, овие хоминиди од каменото време можеби палеле оган и врежувале геометриски симболи на ѕидовите на пештерите. Овие идентификувани врежани симболи би можеле да бидат стари помеѓу 241 000 и 335 000 години.
После неколку години, експертите тврдеа дека тој ги закопувал своите мртви во споменатата пештера.
Наодите го оспоруваат сегашното разбирање на човековата еволуција, бидејќи се смета дека развојот на поголем мозок овозможил извршување на сложени, „значајни“ активности како што е закопување на мртвите.
Истражувачите предводени од палеоантропологот Ли Бергер објавија дека откриле неколку примероци на хомо наледи, хоминид од камено доба што се качува на дрвја. Посмртните останки се закопани на околу 30 метри под земја во пештерски систем под заштита на УНЕСКО, во близина на Јоханесбург.
-Ова се најдревните остатоци од хоминини досега забележани, постари се најмалку 100.000 години од доказите за погребување на хомо сапиенсот – напишаа научниците во серија трудови што допрва треба да бидат разгледани и објавени.
Најстарите гробници откриени досега се пронајдени на Блискиот Исток и Африка. Тие содржеле остатоци од хомо сапиенс и биле стари околу 100.000 години. Гробницата што ја пронајде Бергер во Јужна Африка датира од најмалку 200 000 години п.н.е.
Посмртните останки се закопани на околу 30 метри под земја во пештерски систем под заштита на УНЕСКО, во близина на Јоханесбург.