Сутерен.мк

Откриено е зошто мажите ја слушаат „помалата глава“!?

Тим на португалски научници го објавија своето истражување „Мозокот и тестисите имаат најголем број на заеднички протеини во споредба со другите органи“ во списанието „Royal Society Open Biology“…

И порано имало студии што укажувале дека постои поврзаност помеѓу сексуалната дисфункционалност и мозочните пореметувања, помеѓу квалитетот на сперматозоидите и интелигенцијата и иако, таа поврзаност можеби не значи многу, португалските научници докажаа дека сепак, постои!

(Потсетување: мозокот има многу комплексна улога за човекот, а тестисите само произведуваат семена течност и хормони!)

Да ја скратиме приказната: со споредување на протеини на 33 типови на ткива, откриено е дека мозокот и тестисите имаат 13 342 заеднички протеини! Што ќе рече, овие два многу одалечени органа делат најголем број на гени во споредба со сите останати органи во телото.

Кога проучиле кои од заедничките протеини се најизразени, тимот научници открил дека станува збор за протеини што се вклучени во развојот на ткивата и комуникацијата на ќелиите!

Иако се со сосема различна намена, заедничко на машкиот мозок и нивните тестиси е што им е потребна иста енергија за да имаат гориво за „страшно напорните процеси“ како размислувањето и производството на неколку милиони сперматозоиди дневно! Така што и двата органа имаат специјализирани ќелии за подршка на неуроните во мозокот и полните ќелии во тестисите кои е потребно добро да се „нахранат“.

Можеби се чудни патиштата Господови, ама на науката се уште помистериозни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *